Search

Бјелица по поразот: Се извинувам на моите сограѓани и на татаковината

Србија загуби од Аргентина со 87-97 и беше елиминирана во четвртфиналето на Светското првенство во кошарка во Кина.

Момчињата на Саша Ѓорѓевиќ беа надиграни на теренот, а на прес-конференцијата по мечот зборуваше Немања Бјелица, кој смета дека има голема вина за поразот.

– Тешко поднесуваме пораз. Сакам да им се извинам на моите сограѓани и на мојата татковина. На хартија можеби и сме подобар тим од Аргентина, но тие сакаа да победат повеќе од нас на денешниот натпревар. Јас сум еден од лидерите на тимот, но играв лошо и преземам голема вина за поразот. Тие ја заслужија својата победа. Не изгубивме, затоа што пристапивме арогантно, туку едноставно не бевме ментално подготвени за овој натпревар. Овој пораз е крајно тежок. Вложивме многу труд во текот на летото, но кошарката е таква, изјави Бјелица.

Треба да знаете
Последни објави