Search

Буџетот на пленарна седница на 16 декември

Комисиската расправа за предлог Буџетот за 2020 година се очекува да заврши на 10 декември, по што се враќа во Владата, која пак, во рок од два три дена треба да го достави повторно во Собранието. Пленарната седница за Буџетот треба да се одржи на 16 декември, заедно со предлог-законот за извршување на Буџетот. Рокот за расправа по Буџетот изнесува пет работни дена, информира претседателот на Собранието Талат Џафери, а, како што рече, дали ќе трае пет или помалку денови ќе зависи од текот на расправата.

Во меѓувреме, на 11 декември треба да се одржи и седница со сите доспеани нови предлог-закони, и оние за кои има услови да одат во второ читање.

На барање на претседателот на државата Стево Пендаровски, на 18 декември ќе се одржи седница на која тој ќе има годишно обраќање.

Во периодот од 25-ти до 29 декември Собранието ќе работи да ги дозаврши седниците кои се почнати, а не се завршени сите точки од дневниот ред.

Потоа на 2-ри или 3 јануари треба да се одржи седница за избор на техничка влада, на 100 дена пред одржувањето на изборите кои се закажани за 12 април.

Треба да знаете
Последни објави