Search

Буши на средба со заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Џефри Голдстајн

Заменик министерот  за внатрешни работи Назим Буши денеска оствари работна средба со заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, г. Џефри Голдстајн. Заменик министерот Буши се заблагодари на г. Голдстајн за долгогодишната одлична соработка меѓу МВР и Мисијата на ОБСЕ, фокусирана на полето на заштита од транснационални закани, понатамошна професионализација и демократско полициско работење.

Заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ, Голдстајн му посака успешен мандат на заменик министерот  Буши и се осврна на заеднички спроведените проекти годинава. Во рамки на идните планови, заменик министерот  Буши ја претстави иницијативата за билатерални, трилатерални или регионални состаноци на замениците министри за внатрешни работи, со цел отварање дискусија за безбедносните предизвици со кои се соочуваме и зајакнување на регионалната соработка. Двајцата соговорници ја потврдија посветеноста за продолжување на координирана и интензивна соработка во процесите на професионализација на полицијата.

Треба да знаете
Последни објави