Search

Буфон: Црвена ѕвезда ни направи услуга

Тијаго Силва и Џанлуиџи Буфон од ПСЖ изјавија дека поразот на Ливерпул во Белград од Црвена ѕвезда внесе дополнителна неизвесност во групата Ц од Лигата на шампиони.

Парижаните ремизираа на гостувањето кај Наполи со 1:1, па сега двата тима имаат по пет бодови, Ливерпул еден повеќе, а Ѕвезда еден помалку.

„Ремито не значи крај на ЛШ, имаме уште два натпревари и мораме да продолжиме понатаму. Мечот со Ливерпул ќе биде пресуден, уверен сум дека ќе победиме. Нивниот пораз во Белград потполно ја оживеа неизвесноста“, рече Силва по натпреварот на „Сан Паоло“.

Голманот на ПСЖ Буфон нагласи дека никој не смее да ја потцени Црвена ѕвезда, но дека пред тоа мора да го победат Ливерпул.

„Црвена ѕвезда ни направи услуга нам и на Наполи, но има уште многу за играње. Многу е важно да не го изгубиме последниот меч во Белград. Имам доверба во тимот бидејќи се подобруваме и секој нерешен резултат ни испраќа важна порака“, рече Џиџи.

Треба да знаете
Последни објави