Search

Буфон се враќа во Јувентус?

Како што пренесува италијански  медиум, Џанлуиџи Буфон е пред враќање во редовите на торински Јувентус.

41-годишниот Буфон откако го напушти тимот на ПСЖ, засега не е познато каде ќе ја продолжи својата кариера. Досега се споменуваше дека би можел да се пресели во Парма, а сега се појавија информации дека Буфон наводно преговара со Јувентус.

Како што пренесува италијанскиот новинар Џанлука Ди Марцио, Буфон бил одлучен да се врати во Торино, а од Јувентус имале намера да го ангажираат како замена на првиот голман Војчех Шчесни.

Планот на Јувентус наводно бил после една сезона како втор голман во екипата, Буфон да добие некоја од директорските функции во клубот.

Треба да знаете
Последни објави