Search

Буфон има само пофални зборови за Рабио: Тој е мешавина на Погба, Видал и Маркизио

Џанлуиџи Буфон смета дека Јувентус ќе заврши огромна работа ако во своите редови го доведе Адриен Рабио.

Французинот од јули ќе стане слободен играч и ќе може да избере каде да ја продолжи својата кариера, а сега веќе неговиот поранешен соиграч од ПСЖ смета дека Јувентус ќе заврши огромна работа ако успее да го доведе во своите редови.

„Рабио е фанастична мешавина – ја има физичката сила на Погба, има карактер како Видал и динамика на Маркизио“, изјави Буфон и додаде:

„Тој е неверојатен, многу е силен, а мора само да го подобри својот момент кога се приближува кон противникот. Но, тој може да стане играч кој постигнува по 10 погодоци по сезона. Тој е добро момче и одличен соиграч“, изјави Буфон.

Треба да знаете
Последни објави