Search

Бутина призна вина за дел од обвинението

Руската државјанка Марија Бутина, која во САД е обвинета дека работела како таен агент за руската Влада, призна вина пред американскиот Суд за еден дел од обвинението, јави „Фокс њус”, додавајќи дека признанието е во рамки на договорот со обвинителите.

Американско Федерлано обвинителство го поднесе обвинението против Бутина во јули годинава.

Бутина има завршено факултет во Вашингтон, а работела како активист за правото за користење оружје.

Како што наведуваат медиумите, Бутина се согласила да соработува со американските власти.

Треба да знаете
Последни објави