Search

„Бутел“ убедлив против „Охрид“

Ракометарите на „Бутел Скопје“ триумфираа убедливо над Охрид со 23:15 во натпреварот од 11. коло од Суперлигата и направија голем исчекор кон пласман во разигрувањето за титулата.

Натпреварот имаше големо значење за двете екипи, па затоа имаше и остри стартови. Црвени картони добија Бојан Спасовски и Томче Стојановски од „Бутел“, како и Крсте Андоновски од „Охрид“. Стојановски доби и син картон, па ќе има дополнителна суспензија за него.

Најдобри стрелци кај победникот беа крилата Мирко Мајиќ со девет и Златко Мојсоски со шест голови, додека кај Охрид, Златко Везенковски и Дарко Георгиевски со по три погодоци. Бутел во следното коло му гостува на Пелистер, додека охриѓани ќе се сретнат со Борец на домашен терен.

Со деветтата победа „Бутел“ дојде до 27 бода, еден помалку од лидерот „Еурофарм работник“, кој денеска имаше обврски во ЕХФ-купот и затоа не го одигра мечот со „Радовиш“.

Фото: Слободан Ѓуриќ

Треба да знаете
Последни објави