Search

Бутел и Охрид одиграа натпревар со вкупно постигнати 29 голови !

Пресметката меѓу Бутел и Охрид од 7. коло во прволигашката машка ракометна конкуренција во Македонија заврши невообичаено со само постигнати вкупно 29 гола ! Минимална победа забележа домаќинот Бутел (15:14).

Домаќините беа подобар противник во првото полувреме во кое во финишот стигнаа до предност од 10:6. Цврстите одбрани на двете страни беа заштитен знак до крајот на мечот, за во самата завршница да дојде до контроверзна ситуација. Охрид на неколку секунди до крајот ја зеде топката и требаше да има пенал за израмнување, но судиите од Битола (Митревски – Тодоровски) решија да ја вратат акцијата на почеток, давајќи му ја топката назад на Бутел за завршните седум секунди, по што домаќините рутински ја задржаа за конечен триумф.

Табела: Вардар 21 бод, Е. Пелистер 18, Е. Пелистер 2, Бутел 15, Пролет 15, Охрид 12, Прилеп 9, Металург 6, Радовиш 6, Струга 3, Радовиш 3, Скопје 0.

 

Треба да знаете
Последни објави