Search

Бутел го ангажира Милошески

Македонскиот ракометен суперлигаш Бутел потпиша двегодишен договор со левиот бек Христијан Милошески. Младиот ракометар Милошевски беше дел од вториот тим на Вардар, а минатата сезона го носеше дресот на Работнички.

– Сакам да изразам благодарност до Бутел за укажаната соработка. Среќен сум што во наредните години ќе го носам дресот на овој тим, но исто така и среќен што ќе соработувам со одличен тренер и одлични, искусни играчи. Своето претходно искуство ќе го искористам најдобро што можам, но и ќе работам напорно за што е можно повеќе да се надоградам како ракометар. Се надевам дека ќе добијам шанса да се докажам, да ги исполнам очекувањата и достојно да го претставиме Бутел во Купот на ЕХФ и во домашните натпреварувања, вели Милошески.

Треба да знаете
Последни објави