Search

Бутан првпат прогласи сеопшт карантин поради едно заразено лице од Ковид-19

Бутанските власти за првпат објавија општ карантин откако граѓанин позитивен на новиот коронавирус бил во близок контакт со луѓе во главниот град на Бутан – Тимбу.

Одлуката, со која ќе се ограничи движењето на граѓаните на земјата со население од 750.000, е донесена откако 27-годишна бутанска државјанка била тестирана на вирусот негативно и пуштена од изолација откако се вратила од Кувајт, а потоа била позитивна на повторното тестирање.

Тој неочекуван целосен карантин е прогласен со цел полесно да се утврдат контактите на заразеното лице и да се запре ширењето на вирусот, соопштија властите.

Бутан, иако е држава што зависи од туризмот, ги затвори своите граници во март откако американски турист беше тестиран позитивно за Ковид-19 и нареди тринеделен карантин за сите оние кои се враќаат од странство.

Вкупно 113 луѓе биле заразени во таа држава на Хималаите.

Треба да знаете
Последни објави