Search

Бутан воведе вонредни мерки за прв пат од избувнувањето на пандемијата

Властите во Бутан за прв пат воведоа вонредни мерки за изолација поради епидемијата на коронавирус.

Тие се решија на тој потег откако еден повратник во земјата беше тестиран позитивен по напуштањето на карантинот.

Лицето, според извештајот на „Ројтерс“, било во близок контакт со неколку лица во главниот град Тимби.

Тоа е 113. потврден случај на инфекција во ова мало хималајско кралство со 750.000 жители, а сè уште не е регистриран бројот на смртни случаи од Ковид 19.

„Бараме сите граѓани да останат во своите домови и на тој начин да се заштитат себеси и своите најблиски од болести“, се вели во соопштението на владата на Бутан.

Владата нареди затворање на училишта, продавници, канцеларии и одложување на испитите за да се спречи ширењето на вирусот.

Епидемијата веќе ја уназади туристичката индустрија во Бутан, која во последните 5 години остваруваше во просек по 80 милиони евра.

Треба да знаете
Последни објави