Search

Бурунди нареди затворање на канцеларијата на ОН во земјата

Владата на Бурунди му нареди на Советот за човекови права при Обединетите нации да го затвори своето претставништво во земјата во рок од два месеци, министерството за надворешни работи и извори на ОН изјавија.

„Владата на Бурунди станува се порадикална и пркосна кон меѓународната заедница,“ велат анонимни извори од ОН.

Бурунди го бојкотираше самитот на Источните Африкански Заедници во ноември кој требаше да го има главниот фокус на моменталнта политичка криза во земјата.

Во 2017 година Бурунди излезе од Меѓународниот Кривичен Суд откако судот отвори истрага за наводните злодела во земјата.

Бранот на насилство во земјата започна во 2015 година кога претседателот Пјер Нкурунзиза изјави дека ќе се кандидира за трет мандат.

Треба да знаете
Последни објави