Search

Бурни реакции по трајлерот на филмот „Шенг-Чи и легендата за 10-те прстени”

Првиот трејлер на долгоочекуваниот филм „Шенг-Чи и легендата за 10-те прстени” (Shang-Chi and the Legend of the Ten Rings), објавен синоќа, предизвикува бура од реакции на интернет, посебно за љубителите на тн. натприродни боречки вештини.

Се работи за уште еден филм на американската компанија „Марвел”, од жанрот научнофантастични суперхеројски филмови. Од попознатите имиња, меѓу глумците се спомнува Мишел Јео, а насловната улога ќе ја глуми кинеско-канадскиот глумец Симу Лиу.

Приказната се заснова на кунг-фу стрипот „Шанг-Чи”.

Прикажувањето на филмот е закажано за 3 септември, оваа година.

Треба да знаете
Последни објави