Search

Бурата Денис ги погоди нордискиот и балтичкиот регион

Десетина патишта и неколку премини во Норвешка денеска се затворени поради силните ветрови и обилниот дожд, додека југозападниот дански град Колдинг и неговата околина се поплавени.

Поради бурата Денис во Естонија околу 1.200 домаќинства останаа без електрична енергија.

Бурата Денис што почна за време на викендот го наруши сообраќајот ширум Европа и има потенцијал да нанесе поголема штета од бурата Кјара, што ја погоди Европа минатиот викенд.

Бурата Денис не предизвика жртви во нордискиот и балтичкиот регион, а во Велика Британија во саботата усмрти две лица и предизвика поплави ширум земјата.

Треба да знаете
Последни објави