Search

Бунтовниците собориле хеликоптер на сириската војска

„Ројтерс“ во понеделникот објави дека милитантите во Сирија собориле владин хеликоптер во Најреб со ракета „земја-воздух“, пренесува „Спутник“. Нападот, наводно, го извршиле милитанти поврзани со терористичката група Ал-Нусра. Во исто време, „Скај њуз Арабија“ објави дека двајцата пилоти загинале во инцидентот.

Ден претходно турското Министерство за одбрана објави дека силите на земјата нападнале 115 цели на сириската влада, уништувајќи 101 од нив.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот ја коментираше неодамнешната ескалација во северна Сирија, ветувајќи дека сириската влада „ќе плати висока цена“ за своите постапки.

„Вчера сириската влада доби моќен одговор. Ние ќе продолжиме да го правиме тоа. Ќе платат висока цена“, рече Ердоган.

Претходно истиот ден турското Министерство за одбрана потврди дека милитантите во Сирија собориле владин хеликоптер во Ал-Најреб, во провинцијата Идлиб, додека сириските сили се повлекле од градот.

„Сириската армија се повлече од населбата Ал-Најреб во провинцијата Идлиб. Познато е дека еден хеликоптер што им припаѓал е соборен“, се вели во соопштението на турското Министерство за одбрана.

Треба да знаете
Последни објави