Search

Букер ја напушти трката за претседателски кандидат кај демократите

Сенаторот од сојузната држава Њу Џерси, Кори Букер, ја напушти трката за номинација на претседателски кандидат од демократите, соопштија денеска од неговиот штаб.

Букер, афроамериканец, повеќепати досега изјавуваше дека меѓу претендентите за номинација има недоволно расни и национални разлики.

Други причини за напуштањето на трката се слабите донации за кампањата „кои ќе бидат потешко да се соберат затоа што нема да присуствувам на следната демократска дебата”, и импичменот на претседателот Доналд Трамп, поради што „ќе морам поголем дел од времето да го поминувам во Вашингон”, изјави Букер.

Следната демократска дебата треба да се оддржи утре во Ајова, а на неа учествуваат шесте преостанати кандидати: поранешниот потпретседател Џо Бајден, сенаторите од Вермонт и Масачусетс, Берни Сандерс и Елизебет Ворен, градоначалникот на Саут Бенд, Идијана, Пит Бутиџич, како и сенаторката од Минесота, Ејми Клобучер.

Ним ќе им се придружи бизнисменот милијардер Том Стејер кој потроши милиони долари за да ги зголеми своите шанси во трката.

Иако во трката за номинација останаа само неколку истакнати имиња од демократоте, се уште е рано да се каже дека постои фаворит кој ќе му се спротивстави актуелниот претседател, републиканецот Доналд Трамп, на изборите во номеври.

Треба да знаете
Последни објави