Search

Бугенвил изгласа независност од Папуа Нова Гвинеја

Жителите на јужниот пацифички регион Бугенвил на референдум гласаа за отцепување од Папуа Нова Гвинеја, јави ДПА.

Претседателот на Комисијата за референдум во Бугенвил, Берти Ахерн, соопшти дека 98 отсто од важечките гласачки ливчиња се изјасниле за независност. Единствена друга опција на гласачкото ливче беше поголема автономија од Папуа Нова Гвинеја.

Историскиот референдум е необврзувачки, а за независноста сега ќе преговараат лидерите на Бугенвил и Пауа Нова Гвинеја. Последен збор ќе има парламентот на Папуа Нова Гвинеја, а процесот на стекнување независност би можел да трае со години, оценува германската новинска агенција ДПА.

Референдумот е клучен дел од мировниот договор од 2001 година, со кој беше ставен крај на граѓанската војна, во која загинаа најмалку 15.000 луѓе. Насилствата во Бугенвил почнаа кон крајот на 1980-те години, по судир поради огромен рудник на бакар во градот Пангуни. Тој рудник беше голем извор на зароботувачка за Папуа Нова Гвинеја, но многумина во Бунгевил сметаа дека немаат корист од тоа и забележуваа дека се нарушува нивниот традиционален начин на живот. Од судирите, рудникот е затворен.

Треба да знаете
Последни објави