Search

Бугарските истражители: Познати причините за пожарот во автобусот

Познати се причините за пожарот во автобусот што се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова го соопштија обвинителот Бисер Михајлов и истражителот Мариан Маринов, кои работат на расветлување на трагедијата, за време на нивното гостување во емисијата „Лице в лице“ на бугарската телевизија БТВ.

Маринов не сакаше да ја открие причината за пожарот и рече дека тоа ќе им остави на експертите, кои веќе вчера повторно извршиле голема проверка на автобусот. Тој додаде дека големо парче од заштитната ограда навлегло во автобусот во пределот на предната гума до предната врата, а резервоарот, кој бил пластичен, е целосно уништен.

Истражителот додаде дека автобусот бил стар и бил на ремонт во Турција и дека целата опрема му е заменета и оти допрва треба да се разјасни дали новата опрема е фабричка или не е.

„Теориите на заговор, кои кружат во јавноста, се неточни“, рече Михаилов.

Во автобусот немало експлозив, категоричен е Михаилов, а се осврнува на примероците и брисовите направени од остатоците од автобусот.

Нема докази за канти со бензин, а теориите за шверц на материјали за дрога се смешни, што не заслужуваат коментар, рече обвинителот.

Истражителот Маринов истакна дека имало цевки за нафта за напојување на системот за греење на автобусот, но тие останале незафатени од пожарот. Моторот на автобусот исто така работи и сега може да се запали и да работи непречено.

Според Маринов, не може да се обвинува за лошата состојба на заштитната ограда, која според експертите не била поставена според барањата: „И да се среди со 100 штрафови, автобусот ќе ја однесеше, автобусот е 18 тони“.

Треба да знаете
Последни објави