Search

Бугарската полиција заплени 122.200 фалсификувани евра, но и македонски денари

Во Бугарија е уапсена група за дистрибуција на фалсификувани пари со лажни банкноти во вредност од вкупно 122.220 евра, пренесува бугарскиот портал „БГ њуз“.

Вкупно 122.200 евра фалсификувани банкноти од по 200 евра одзеде бугарската полиција при претрес на куќа и автомобил.

За време на оваа полициска акција, одземени се и мобилни телефони, копии на чекови од турска банка, американски долари, македонски денари.

Уапсени се шест лица, а според сознанијата на полицијата, групата е формирана во септември 2018 година.

Тие се обвинети дека учествувале во организирана криминална група за поседување и дистрибуција на лажни банкноти во евра на територијата на Бугарија.

Според порталот, групата им нудела и кокаин на потенцијалните клиенти.

Во моментов се утврдува дали фалсификуваните банкноти биле увезени за дистрибуција во Бугарија од друга земја или биле извезени во Бугарија.

Треба да знаете
Последни објави