Search

Бугарската полиција ги отстрани шаторите на демонстрантите, уапсени 12 лица

Бугарската полиција рано утрово ги отстрани шаторите на демонстрантите од три важни контролни пункта во центарот на Софија, што го блокираа сообраќајот, и притоа беа приведени 12 луѓе, меѓу кои и организаторите на протестот.

Организаторите беа уапсени затоа што одбија да ја извршат наредбата, односно немале лични карти, пренесува БТА. Подоцна беа ослободени.

Демонстрантите поставија шатори пред зградата на Советот на министри, Универзитетот во Софија и мост, блокирајќи го сообраќајот.

Според полицијата, при отстранување на шаторите не била користена сила.

Треба да знаете
Последни објави