Search

Бугарија со рекордни 2.760 новозаболени и 36 починати од коронавирусот

Во последните 24 часа, во Бугарија се евидентирани рекордни 2.760 нови случаи на заразени лица од коронавирус. Оваа бројка е 27,7 одсто од направените 9.946 PCR тестови.

Во земјата изминатите 24 часа починале 36 лица, а 162 пациенти се излекувани.

Според бројот на новозаболени најмногу се во Софија со 1.075 позитивни тестови, а зад неа е Пловдив со 206 и Благоевград со 160.

Треба да знаете
Последни објави