Search

Бугарија купи осум борбени авиони од САД за 1,2 милјарди долари

Бугарија купи  осум борбени авиони Ф-16 Блок 70, од САД за 1,2 милијарди долари. Договорот за набавката на авионите Ф-16 го потпиша бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов. Набавката на осум летала Ф-16 „блок 70“ е највредната набавка на оружје во Бугарија во последните 30 години. Купувањето на авионите, оружје, пропратната опрема и системи се изврши преку четири одвоени тендери.

Заменик министерот за одбрана Атанас Запарјанов изјави дека договорот вреден 1,25 милијарди долари ги вклучува леталата, муницијата, опремата и обуката на пилотите и дека постои опција американскиот Конгрес да помогне со 60 милиони долари. Тој кажа дека шест авиони Ф-16 со едно седиште и два со две седишта ќе бидат испорачани во 2023 година.

Треба да знаете
Последни објави