Search

Бугарија дојде да игра фудбал во Скопје, а не да бистри политика

Селекторот на бугарската фудбалска репрезентација, Србинот Младен Крстаиќ, на вечерашната прес-конференција во Скопје пред утрешниот натпревар со Македонија во последното 6. коло од 4 групата во Ц-дивизијата од Лигата на нации, смета дека ќе биде спортска, а не политичка битка. Бугарија дојде во Скопје да игра фудбал, а не да бистри политика. Со ваков приод на утрешниот дуел е и капитенот на источниот сосед, Кирил Десподов.

-Македонија игра дома и цел и е да победи. И ние ќе се обидеме да победиме. Го победивме Гибралтар пред овој натпреавр, но утре е сосема поразличен натпревар. Македонија е квалитетен тим. Очекувам да ја имаме истата енергија како со Гибралтар. Сум имал прилика да учествувам на мечеви каде имало потенцијални инциденти и провокации, но тоа не ме интересира. Ние ќе се занимаваме со фудбал, политиката ќе им ја оставиме на политичарите– порача Крстаиќ.

Треба да знаете
Последни објави