Search

Бугарија го ратификуваше протоколот за НАТО

Со 140 гласа за, бугарскиот парламент го ратификуваше протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО, објави бугарската новинска агенција „Фокус“.

„За“ гласаа ГЕРБ, Обединети патриоти, ДПС, Волја и независните пратеници. Ратификувањето помина без присуство на левицата во пленарната сала.

Протоколот за членството во НАТО беше потпишан на 6 февруари во Брисел, по решавањето на спорот со Грција за промена на името и потпишувањето на Преспанскиот Договор. Откако сите земји-членки на НАТО ќе го ратификуваат договорот, се очекува земјата да стане 30. членка на Алијансата.

Треба да знаете
Последни објави