Search

Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за НАТО

Бугарија в среда ќе го ратификува Протоколот за НАТО

Парламентот на Бугарија в среда на пленарна седница треба да го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО.

Се очекува на ратификацијата на протоколот да присуствува претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери.

Парламентарната Комисија за одбрана на 15 февруари го одобри протоколот и им препорача на пратениците да го усвојат, пренесува БГНЕС.

Претседателот на Комисијата, генерал Константин Попов изјави дека Северна Македонија може да смета на целосна поддршка и соработка од Бугарија на патот кон полноправно членство во НАТО.

Протоколот за членство во НАТО прва го ратификуваше Грција, а досега тоа го направија и Словенија и Албанија.

Треба да знаете
Последни објави