Search

Бубевски од СЈО: „Бомбите“ ќе се изведат како докази во сите предмети

Бомбите во сите предмети ќе се слушаат и ќе се изведат како докази, изјави обвинителот од СЈО Гаврил Бубевски кој денеска присуствуваше на прославата за Денот на независноста во Градски парк, пишува „360 степени.мк“.

Тој одби да коментира дали се согласува со одлуката на шефицата Катица Јанева, која од притвор испрати согласност републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески да ги преземе предметите на СЈО.

„Ние ќе си постапиме како што налага законот. Моментално можам само да честитам празник на сите граѓани на Република Северна Македонија и ништо друго. Немаме право да кажеме дали се согласуваме или не, Специјалното јавно обвинителство го претставува еден човек, вели Бубевски.

 

Треба да знаете
Последни објави