Search

„Бубамарите“ добија креативни дворови за игра

Детската градинка „Буба Мара“ во текот на летниот период интензивно се подготвуваше за успешен старт на новата воспитна година.

Стручниот и воспитниот тим  ги уреди дворните површини  на објектите со цел да се создаде пријатна атмосфера за децата.  Преку игрите децата ги развиваат своите потенцијали, вештини и можности, кои влијаат врз нивниот целокупен раст и развој.

Во уредувањето на дворните површини свој придонес даде и Општина Аеродром  со донација на дрвја кои беа насадени во дворот на објектот „Сонце“ во Реонски центар – Аеродром и реконструкција на плочникот во истиот објект. Исто така, Општината  донираше и клупи и канти за отпадоци.

Треба да знаете
Последни објави