Search

„БТС“ ја освои главната награда на „Американ мјузик авордс“

К-поп бендот „БТС“ e големиот победник на американските музички награди (АМА), само четири години по нивното прво појавување во шоуто на кое гласаат фанови.

Седумчлениот бенд од Јужна Кореја извојува победа над ветеранката Тејлор Свифт, раперот Дрејк, поп-ѕвездата Аријана Гранде, тинејџерскиот феномен Оливија Родриго и Канаѓанецот Д Викенд за најголемата награда на вечерта – Уметник на годината.

Обожавани од армија фанови, седумте млади момчиња од „БТС“ исто така беа прогласени за омилен поп-бенд и ја освоија наградата Поп-нумера на годината за летниот хит Butter.

Бендот, познат по својата позитивна музика, победата за Уметник на годината ја нарече чудо.

Треба да знаете
Последни објави