Search

Брoзовиќ: Наместо Интер да победи со 3:0 му дозволи да се радува Реал

Италијанскиот фудбалски првак Интер прими гол во самиот финиш на дербито со Реал Мадрид (0:1) на стартот во групната фаза од Лигата на шампионите и остана без бодови. Поразот ги разочара навивачите, но и фудбалерите на италијанскиот првак. Интер создаде, но не искористи неколку добри шанси, а Марсело Брозовиќ смета дека неговиот тим можел да стигне до убедлива победа против Реал.

– Одигравме одлично прво полувреме, мислам дека можевме да победиме со 3:0. Нема разлики меѓу Интер и Реал. Наместо да победиме му дозволивме на Реал да слави. Ако не постигнеш гол, на крајот можеш да загубиш – изјави Брозовиќ.

Реал на голот повторно го имаше одличниот Куртоа, а во финишот реализираше преку одличната акција на триото Валверде-Камавинга-Родриго.

Треба да знаете
Последни објави