Search

Бруно Фернандеш со два гола ја однесе Португалија во осминафинале (ВИДЕО)

Португалија со два гола на Бруно Фернандеш го победи Уругвај со 2-0 и на коло пред крајот се пласираше во осминафиналето од Светското првенство.

Португалија ја доби дерби пресметката со Уругвај и покажа дека е една од најсериозните репрезентации на ова Светско првенство. Ѕвезда на вечерта беше Бруно Фернандеш кој ги постигна двата гола на овој меч, а малку фалеше да постигне и хет-трик.

Резултатот беше отворен во 54. минута кога Бруно Фернандеш шутираше и погоди, во еден момент беше нејасно дали е тоа негов гол или на Кристијано Роналдо бидејќи ЦР7 направи трзај со главата и беше блиску до топката, сепак не јадопре.

Во 82. минута Роналдо беше изваден од игра, а десет минути подоцна Португалија доби пенал, па најстрогата казна ја изведе Бруно Фернандеш и погоди за 2-0.

До последниот судиски свиреж Фернандеш имаше уште две големи шанси, а во една од нив ја погоди стативата, не успеа да постигне хет-трик.

По два одиграни меча во групата Х, Португалија е прва со шест бода и обезбеден пласман во осминафиналето, Гана е втора со три бода, а Јужна Кореја и Уругвај имаат по еден бод.

Во последното коло Португалија игра со Јужна Кореја, а Уругвај со Гана.

Треба да знаете
Последни објави