Search

Број на притворени на протестите во Венецуела се зголеми на 966

Бројот на демонстранти кои беа уапсени во Венецуела за време на масовните протести се зголеми на 966, изјави во вторникот шефот на венецуелската организација за човекови права „Форо Пенал“, Алфредо Ромеро, пренесува „Спутник“.

Бројот на притворени претходно изнесуваше 850 луѓе.

Ситуацијата во Венецуела, која се бори да ја надмине политичката криза поради одбивањето на опозицијата да го признае минатогодишниот реизбор на претседателот Николас Мадуро, значително ескалираше на 21 јануари, кога Националното собрание контролирано од опозицијата го прогласи Мадуро за узурпатор.

Мадуро го нарече лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо, марионета и го обвини Вашингтон дека се обидува да организира државен удар во Венецуела, донесувајќи одлука за прекин на дипломатските односи со САД.

Канада, САД и многу од нивните сојузници го признаа Гуаидо како привремен претседател на Венецуела. Русија, Кина, Турција и други земји сметаат дека Мадуро и неговата влада се легитимни власти во Венецуела.

Треба да знаете
Последни објави