Search

Бројот на случаи на Kовид-19 во Африка надмина 2,2 милиони

Во африканските земји изминатиот ден се регистрирани се речиси 16.000 потврдени случаи на коронавирус, со што вкупниот број надмина 2,2 милиони, соопшти денеска регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Африка.

Вкупниот број на случаи на Ковид-19 во Африка во моментов е 2.214.812, а 15.929 случаи се потврдени во текот на изминатиот ден.

Бројот на смртни случаи поврзани со коронавирусот е 52.836, а во последните 24 часа починале 310 луѓе.

Повеќе од 1,8 милиони пациенти во Африка закрепнале од болеста.

Треба да знаете
Последни објави