Search

Бројот на починати повторно најголем во регионот, секој трет тестиран е позитивен, а Филипче мисли дека е портпарол на МЗ

Интегрален текст од прес конференција на Марија Митева

 „Секој трет тестиран во текот на вчерашното деноноќие е болен од КОВИД. Достигнавме 33% на инфицирани лица од вкупно тестираните. А Филипче уште мисли дека е портпарол на министерството, а не министер.

Бројката на починати е двоцифрена, 15 лица за 24 часа. Изразувам длабоко сочувство за сите над 900 фамилии. Македонија повторно има најголем број на починати лица на еден милион жители. Во Србија, која има 7 милиони жители, вчера починало само едно лице, во Грција, која има 10 милиони жители, починале 7 лица, а во Албанија, која има 3 милиони жители, починале 3 лица. Кај нас Венко, 15 починати, односно 7 починати на 1 милион жители.

Потенцирам, бројот на починати на еден милион жители кај нас е пет до седум пати поголем од бројот на починати во соседните земји. Ситуацијата е алармантна подолг период наназад. Изминатите 30 дена починаа 209 лица од КОВИД-19, а од нив 113 во последните 10 дена, кога и првпат почнаа да се бележат двоцифрени бројки на починати од почетокот на епидемијата во земјава.

Состојбата може дополнително да се влоши особено заради загадениот воздух, кој во комбинација со КОВИД е голема опасност за хронично болните. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ апелира до Филипче хронично болните да ги ослободи од работа. Здравјето на граѓаните пред се.

За целиот хаос е виновна власта. На реакциите од граѓаните дека со денови чекаат за термин на тест на државно и дека се создава гужва пред Институтот за јавно здравје, Караџовски на новинарско прашање одговори: „Нашиот народ е научен да оди во 8 часот да се тестира, нормално дека ќе има гужва.” Да, нашиот народ нема добиено известување, нема слушнато ниеден план како да се справи во оваа ситуација, и тоа е само ваша вина. Но, затоа секојдневно од вас слуша навреди и манипулации.

Дополнително, nа прашање зошто не се направи поголем простор да се тестираат лицата во приватните клиники, Караџовски вели: Министерот ќе ви одговори, сепак е јавно и приватно, политика и бизнис. Точно, благодарам на искреноста дека здравјето го сведовте на политика и бизнис. Жално, срамно и навредувачки е во ваква криза ова да биде нечиј став.

Денес, по изгласувањето на законот кој ќе биде новиот виновник? Повторно ВМРО-ДПМНЕ ќе биде вашиот изговор кога и по донесениот закон во кој нема никакви мерки против пандемијата, ситуацијата ќе ви бега од контрола. Дали нефункционалноста на законот ќе биде доволна причина за оставка?

Застанете со дневната политика, поени никому не му требаат. Направете кризен тим, направете се што можете за да го задржите својот народ безбеден, останете на врвот на вашата деловна активност и справувајте се со неизвесност при постојано менување на условите.

Треба да знаете
Последни објави