Search

Бројот на новозаразени во Австрија повторно трицифрен

Во изминатите 24 часа во Австрија е забележано драматично зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот, кој повторно е трицифрен за првпат од средината на април.

Според Министерството за здравство, регистрирани се 107 новозаразени лица, од кои најголем број се во провинцијата Горна Австрија каде има 61 случај, а на второ место е Виена со 24 новозаразени.

Од почетокот на епидемијата на коронавирусот во Австрија, позитивни на Ковид-19 се вкупно 17.778 лица, од кои 16.491 се излекувале.

Од почетокот на епидемијата, на крајот од февруари, тестирани се вкупно 620.866 лица.

Треба да знаете
Последни објави