Search

Бројот на мртви во протестите во Ирак се искачи на 19

Најмалку 19 лица загинаа во антивладините протести во Ирак што почнаа на почетокот на оваа недела, јавува агенцијата „Анадолија“.

Извори од болниците информираат дека бројот на лица кои биле убиени за време на протестите во средата изнесува 10. Оттаму додаваат дека петмина биле убиени во градот Амара, додека петмина загинале во Насирија.

Со ова вкупниот број на мртви се зголемува на 19 лица, тврдат изворите.

Голем број лица, вклучувајќи и цивилно население, беа повредени во демонстрациите, но точната бројка сè уште е непозната.

Според демонстрантите и граѓанските активисти, владата делумно ги суспендирала интернет-сервисите во земјата.

Од вторникот до сега, неколку области во Ирак излегоа на протести со цел да бараат подобрување на условите за живот и крај на корупцијата. Силите за безбедност отворија оган за да ги растераат толпите, но тоа резултираше во голем број смртни случаи.

Властите на Ирак воведоа полициски час во Багдад со цел да ги задушат протестите.

Премиерот на Ирак, Адел Абдул Махди, вели дека полицискиот час ќе го одржува јавниот ред и мир и ќе ги штити демонстрантите од „инфилтратори“. Махди додава дека вооружените сили ќе дозволат движење за хуманитарни случаи и патници од и до аеродромот во Багдад.

Треба да знаете
Последни објави