Search

Бројот на загинати од експлозијата на нафтоводот во Мексико достигна 93 лица

Бројот на загинати при експлозијата на нафтовод во Мексико се зголеми на 93 лица, додека неколку десетици повредени со потешки или полесни изгореници се уште се наоѓаат во болниците.

Претходно беше соопштено за 76 загинати.

– Моментно продолжува процедурата за идентификација на жртвите, изјави Омар Фајад, гувернер на мекисканската сојузна држава Идалго на чија територија се случи експлозијата.

Министерот за здравство на Мексико, Јорге Алкокер потврди дека во експлозијата, загинале 93 лица, а 46 се повредени.

Според првичните информации, причина за експлозијата на нафтоводот Туспан-Тула, што се случи во саботата наутро, во малиот град Тлауелилпан, стотина километри северно од Мексико Сити, е незаконско сечење на цевката. Најголем број од загинатите и повредените се локални жители кои во моментот на експлозијата се наоѓале покрај нафтоводот и се обидувале со кофи да го соберат горивото.

Новата мексиканска Влада од почетокот на годината започна активна борба против кражбите на бензин. Властите неодамна лоцираа неколку пробивања на цевководи и го запреа испумпувањето и кражбите на бензин.

Покрај тоа, сите рафинерии во земјата сега се под заштита на војската.

Треба да знаете
Последни објави