Search

Бројот на загинати во уривањето на зградата во Истанбул се зголеми на 14

Бројот на загинати во уривањето на зградата во Истанбул се зголеми на 14 жртви, откако денеска се најдени уште три тела, изјави турски официјелен претставник.

Турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу претходно изјави дека 14 лица се спасени од под урнатините на зградата во населбата Картал, во азискиот дел на Истанбул.

– Тие кои ги загубија своите најмили треба да бидат уверени дека одговорните ќе бидат казнети, порача Сојлу.

Спасувачката операција за потрага по загинати и евентуални преживеани лица се уште трае.

Според агенцијата Анадолија, под надзор се и објектите кои се наоѓаат во непосредна близина на зградата која се урна.

Причината за уривањето се уште е предмет на истрага, а локалните власти наведоа дека последните три ката биле нелегално изградени.

Станбената зграда, во која имаше 30 станари, се урна во средата. 

Треба да знаете
Последни објави