Search

Бројот на жртви од циклонот во Мозамбик би можел да надмине 1.000

И покрај тоа што поплавите предизвикани од циклонот Идај се повлекуваат во делови од Мозамбик, се стравува дека бројот на жртви би можел да надмине 1.000.

Генералниот секретар на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Елхаџ Ас Си, потврди дека стравува оти бројот на жртви би можел да се зголеми и додаде дека во Мозамбик во моментов постои огромна потреба од хуманитарна помош, пренесе агенцијата АП.

Спасувачите се уште се обидуваат да најдат преживеани со помош на хеликоптери.

Според најновите извештаи на Обединетите нации и на владите на африканските земји, циклонот Идај на југот од Aфрика одзеде повеќе од 550 животи.

Треба да знаете
Последни објави