Search

Бројот на жртви од корона вирусот се искачи на 17

Во Кина се потврдени 17 жртви на новиот корона вирус, а заболени се 571. Во Вухан затворени се сите транспортни мрежи, а откажани се и и сите летови. Постои сомневање дека уште 393 лица се заболени од вирусот.

Властите на Вухан, од каде што се појави вирусот, ги повикаа граѓаните да не го напуштаат грат освен ако не се работи за посебни околности.

Бројот на пријавени случаи на Тајланд се искачи на четири, додека во Јапонија, Јужна Кореја, Тајван и САД е пријавен по еден случај.

Некои експерти сметаат дека новиот вирус не е опасен како САРС од кој починаа повеќе од 700 луѓе во 2012 година.

Засега не постои лек против корона вирусот, чии симптоми се грозница, отежнато дишење и кашлање, а може да предизвика и воспаление на белите дробови.

Сè уште се утврдува причината за појавата на вирусот. Потврдено е дека се појавил на пазар во Вухан каде имало нелегална продажба на диви животни.

Треба да знаете
Последни објави