Search

Бројот на жртви од ерупцијата на вулканот во Нов Зеланд се зголеми на 20 лица

Бројот на загинати од вулканска ерупција во Нов Зеланд се искачи на 20 лица, при што две исчезнати официјално се прогласени за мртви, соопштија денеска официјални лица од Нов Зеланд.

Од нив, 18 починале во Нов Зеланд, додека двајца починале во болниците во Австралија, пренесува „Ројтерс“.

Ерупција на вулканот на Белиот остров во Нов Зеланд се случи пред два месеца, во момент кога во негова близина се наоѓаа околу 50 туристи.

Треба да знаете
Последни објави