Search

Бројот на жртви во подметнатиот пожар во Јапонија се зголеми на 23

Бројот на жртвите во пожарот што избувна денеска во зградата на студиото за анимиран филм во западниот јапонски град Кјото се зголеми на 23 лица, соопштија властите.

Според Сатошиј Фуџиваре од Противпожарната служба во Кјото, најмалку 36 лица се повредени од кои десет во кривична состојба. Се стравува дека уште 18 луѓе се заробени во зградата.

Како што пренесуваат странските агенции, станува збор за подметнат пожар од страна на едно лице кое истурило запаллива течност. Подметнувачот (41) веднаш е уапсен, но поради повреди и тој е префрлен во болница.

Пожарот избувна околу 10 часот и 30 минути по локално време во трикатната зграда на компанијата „Кјото Анимејшн”, која произведува едни од најуспешните телевизиски анимациски серии.

Треба да знаете
Последни објави