Search

Брнс он лајн разговараше со Филипче и Тавилах за ситуацијата со Ковид 19

– Американската амбасадорка во земјава Кејт Брнс денеска се приклучи на онлајн средбата со министерот за здравство Венко Филипче и претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во Северна Македонија, Џихане Тавилах.

Како што објави Амбасадата на САД во Северна Македонија на Фејсбук, амбасадорката Брнс се осврна за грантот од 10 милиони долари на УСАИД за Светската здравствена организација (СЗО), од кои 600.000 долари се назначени за поддршка на помошта на СЗО за напорите за одговор на Северна Македонија во справувањето со Ковид-19.

– Оваа награда е дел од поддршката на САД за Северна Македонија и се гради на долгата историја на пријателство, партнерство и сојуз меѓу нашите две земји, наведува Амбасадата на САД на Фејсбук.

На средбата амбасадорката Брнс, исто така, истакна дека денеска е Светскиот ден на здравјето, којшто, како што нагласи, е значаен ден за здравствените работници кои моментално се на првата борбена линија против Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави