Search

Брнз го поздрави постигнатиот успех на досегашниот парламентарен состав

По распуштањето на деветтиот парламентарен состав во историјата на Северна Македонија, би сакала да го поздравам значителниот успех постигнат во минатите три години, напиша денеска американската амбасадорка Кејт Брнз, на фејсбук-страницата на Американската амбасада во Скопје.

Овој успех ги опфаќа, според Брнз, ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО, Преспанскиот договор и неговата доследна примена, Договорот за добрососедство со Бугарија, како и усвојувањето на законите за Агенцијата за национална безбедност, Законот за јазиците, измените на Законот за одбрана, Законот за заштита од и спречување на дискриминација, но и Законот за Јавното обвинителство.

– Овие постигнувања ја отсликуваат посветеноста на Северна Македонија кон списокот реформи што се спроведуваат заради доброто на нејзините граѓани и заради нејзината сигурна трансатлантска иднина, истакна амбасадорката.

Треба да знаете
Последни објави