Search

Брнабиќ: Србија не е земја на која може да ѝ се сервираат готoви решенија

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, изјави дека Србија не е земја на која може да ѝ се сервираат готови решенија кога станува збор за косовското прашање и дека не очекува многу од претстојниот самит во Берлин.

„Дијалогот е во застој поради приштинските царини и тој нема да продолжи сè додека тие не се повлечат и Србија секако не може да прифати какви било сервирани решенија“, рече таа.

По повод состанокот закажан за 29 април во Берлин, Брнабиќ изјави дека Германија и Франција се важни партнери на Србија и дека има голема почит кон канцеларката Ангела Меркел и претседателот Емануел Макрон, но дека позицијата на Србија нема да се промени.

„Ние одиме таму да чуеме кои се нивните предлози и што имаат да кажат“, вели Брнабиќ и додава дека укинувањето на царините е минимумот што треба да се исполни.

Треба да знаете
Последни објави