Search

Брнабиќ: Состанок во Париз веројатно нема да има, пропуштена голема можност

Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во Париз изјави дека престојниот јунски состанокот во тој град меѓу претставниците на Белград и Приштина веројатно нема да се оствари, а таа е разочарана бидејќи не знае која е алтернативата на дијалогот, со што е пропуштена огромна можност, бидејќи „некои се сосема неразумни”.

На крајот на нејзината посета на Франција, Брнабиќ истакна дека „сите прават паралела со Преспанскиот договор што беше постигнат меѓу Северна Македонија и Грција, но дека за компромис, како во наведениот случај, потребни се две страни”.

– Во Преспанскиот договор, без оглед на тоа колку е тој полесен од проблемите на Белград и Приштина, постоеја две страни кои беа целосно подготвени за компромис – и двете нешто изгубија, но и двете добија многу, истакна Брнабиќ.

Овде очигледно немаме две страни кои се подготвени за било каков компромис, изјави Брнабиќ, порачувајќи дека се надева оти некој ќе успее да разговара со Приштина за “она што е паметно за иднината”.

Таа додаде дека не ја разбира политиката на политичките лидери во Приштина.

– Србија сигурно ќе го успори недостигот на договор, компромисот за долгорочната нормализација на односите со Приштина, но Косово нема каде без тој договор, вели Брнабиќ.

Косово нема перспектива, оцени српската премиерка и со ова однесување се испраќа порака не само до ЕУ, туку и на другите партнери, САД, кои постојано ги повикуваат да ги укинат таксите и реагираа со некои конкретни мерки.

Брнабиќ разговараше вчера во Париз со францускиот премиер Едуард Филип за напредокот на Србија на патот кон Европската унија, односите меѓу двете земји, зајакнувањето на економската соработка и Косово.

Треба да знаете
Последни објави