Search

Брнабиќ: Се намалува притисокот врз здравствениот систем, сè уште не е време за опуштање

Во последните 24 часа во Србија тестирани се 9.858 лица од кои позитивни на коронавирусот се 295 лица, а девет лица починаа, изјави премиерката Ана Брнабиќ.

Таа на прес-конференција изјави дека на респиратор има 132 пациенти.

-Имаме 295 нови случаи на заразени со вирусот, но реалноста е дека процентите се намалуваат и дека притисокот врз здравствениот систем слабее, изјави Брнабиќ.

Таа додаде дека ситуацијата полека се смирува, за што потврдува и фактот, што повеќе пациенти се отпуштени од болниците отколку што се хоспитализирани или 287 пациенти се хоспитализирани, а 190 пациенти се отпуштени.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, во Србија како резултат на ковид-19 официјално до денес се починати 614 лица. Од почетокот на епидемијата потврдени се вкупно 27.033 случаи на заразени со коронавирус.

Членот на Кризниот штаб, Д-р Предраг Кон, денес изјави дека постои предлог наставата во училиштата да се организира така што учениците од прво до четврто одделение би имале четири часа дневно во времетраење од 30 до 35 минути, со до 15 ученици по одделение.

Треба да знаете
Последни објави