Search

Брнабиќ и Орбан ја примија и третата доза вакцина

Српската премиерка Ана Брнабиќ ја прими третата доза вакцина против коронавирус и најави дека следната недела ќе се одржи состанок на владиниот Kризен штаб за борба против пандемијата со коронавирусот.

-Ќе имам консултации со медицинскиот дел од Кризниот штаб за да видиме дали треба да направиме нешто дополнително“, им рече Брнабиќ на новинарите на Саемот во Белград, по добивањето на третата доза од вакцината.

Премиерката Брнабиќ рече дека во овој момент се бара модел за воведување ковид пропусници на начин што не е можно да се злоупотребат и фалсификуваат, бидејќи не сите редари имаат право да бараат лични карти, и додаде дека се разгледува владина одлука што ќе го овозможи тоа.

Таа рече дека „не е загрижена за бројот на луѓе во болниците“ затоа што тој се „држи до, или под 6.500“ луѓе.

Претседателот Александар Вучиќ најави дека ќе ја прими третата доза од вакцината против коронавирус во рок од седум дена, и дека тоа ќе биде кинескиот Синофарм.

И унгарскиот премиер Виктор Орбан ја прими третата доза на вакцината против коронавирусот, објави денеска неговиот портпарол.

Орбан ја примил вакцината „бустер“ дозата од вакцината „Модерна“, изјави Берталан Хаваси за МТИ.

Премиерот објави видео на својот Фејсбук профил како ја прима вакцината и го прашува докторот дали тој ќе има несакани ефекти во текот на денот, бидејќи има билети за театар.

На Орбан му било кажано дека многумина имале болка на местото на убодот и замор, но дека сигурно може да оди во театар.

Треба да знаете
Последни објави