Search

Брнабиќ: Вучиќ уште размислува дали да оди во Тирана

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ за ТВ Пинк изјави дека разговарала со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека тој се уште размислува дали да оди на самитот во Тирана. Таа смета дека Вучиќ сепак е важно да замине во Тирана каде ќе има самит меѓу ЕУ и Западен Балкан, бидејќи никој друг нема кредибилитет и не може да се соочи со лицемерието.

-Често се прашував како човек има такви нерви и толеранција да се бори за Србија и Србите на Косово и Метохија на тој начин. Ако ги погледнете 2008 и 2010 година, тогаш немавме ништо. Вучиќ некако го врати тоа прашање на маса, како и дијалогот во кој се вели дека не е завршен и дека Белград и Приштина ќе разговараат за тоа. На пример, Вучиќ се уште се бори за регистарски таблички и да дојдеме до некој заемно прифатлив компромис, но по се што издржа заедно со Србите на Косово и Метохија во последните години, неговата изјава пред некој ден беше најблага човечка реакција, изјави Брнабиќ гостувајќи на ТВ Пинк.

Само оваа година Брнабиќ забележала шест работи кои биле направени спротивно на Бриселскиот договор и меѓународните принципи, на кои ЕУ речиси и молчела.

-Го имавме проблемот со табличките што беше вештачки создаден од Курти. Тој проблем не постои бидејќи во текстот од 2011 година, стои дека така ќе биде додека не се договорат. Потоа почна да ги тероризира Србите на Косово, со намера да ги протера. Потоа испадна проблемот со личните карти, па среде Берлин рече дека во Приштина нема Бриселски договор и дека не го прифаќа и дека ЗСО не доаѓа предвид. И повторно, никој не се огласи“, рече Брнабиќ.

Шлагот на тортата е именувањето на Ненад Рашиќ за претставник на Србите, човек кој освои 0,173 отсто од гласовите. Српската листа доби речиси 30 пати повеќе од него и од Рада Трајковиќ. Па кои Срби се застапуваат кога Трајковиќ живее во Белград“, додаде Брнабиќ.

Треба да знаете
Последни објави