Search

„БРИТ авордс“ – музичките ѕвезди почнаа да пристигаат во Лондон

Вечерашната церемонија на доделување на британските музички награди во лондонската О2 арена ќе биде првиот голем настан во затворено и со музика во живо по повеќе од една година.

Големото шоу и објавувањето на наградите за 2021 година ќе се одржи пред неколкуилјадна публика во познатата О2 арена во Лондон без социјално дистанцирање и без маски за лице.

„Колдплеј“ ќе ја отвори свеченоста со изведба од платформа на реката Темза. Дуа Липа, Арло Паркс и Хеди Уан ќе настапат внатре во арената.

„БРИТ авордс“ годинава се дел од пилот-програмата на владата за масовни настани во живо, еден вид експеримент за тоа како ваквите и слични на нив настани ќе функционираат по пандемијата.

Публиката од 4,000 луѓе, колку што дозволија организаторите, нема да има потреба да носи маски или да биде физички дистанцирана, но ќе треба да има негативен тест за Ковид.

Треба да знаете
Последни објави